Што да правите во Берово

Берово е идеално место за сите љубители на природните убавини, спорт и рекреација. Во градот има две спортски сали и повеќе игралишта кои се соодветни за мал фудбал, кошарка, ракомет, одбојка и други спортски игри.

Малешевските планини се богати со разновидна флора и фауна. Постои и можност за лов на разни видови на дивеч. Беровското Езеро изобилува со разни видови на риби, што може да биде доста примамливо за рибарите. Исто така на Езерото се организираат и натпревари по кајакарство кои што можат да станат голема атракција за туристите.

Колибите и бачилата се несекојдневно место кое може да се посети. Колибите се изградени од цврст материјал, обиколени со плевни, кошари, фурни за печење леб и мандри за подготвување на прочуеното малешевско сирење. На колибите се престојува во текот на целата година. Лете тука обично се сите возрасни работоспособни членови на семејството, а зиме остануваат постарите луѓе кои ја чуваат и ја хранат стоката и ги објагнуваат овците.

Во зима, питомоста и прекрасните падини на малешевските планини можат да се искотистат за скијање или прошетка по прекрасната беспрекорно чиста снежна покривка.

Во вечерните часови тука за вас се многубројните кафулиња и ноќни клубови кои ќе ви понудат прекрасни и луди забави. Современото темпо на живеењето и трагањето по здрав живот не враќа кон природата и нејзините благодети, како и кон еколошки произведена и здрава храна. Затоа, не смеете да заборавите да ги посетите и сите ресторани и сендвичари со кои располага градот, каде во секое време може да ги вкусите традиционалните малешевски специјалитети, скара, готвени јадења, италијанска кујна и многу други јадења.

Почитувани, не мислете се, посетете го Берово, заборавете на се и уживајте во вашиот одмор.

Доколку сакате да се прошетате и да ги запознаете природните убавини на малешевијата, да собирате шумски плодови и чаеви кои ги има во изобилство, или пак уживате во возењето на велосипед, на територијата на Општина Берово маркирани се пет пешачки патеки. Доколку немате сопствен велосипед, може да се изнајми во градот.

Патеки

Што да посетите во Берово

Малешевијата - питома и мирна исто колку и дарежлива, таа се уште е недоволно откриен дел од природата која истурила грст благодети, мелем за очите и рај за душата. Културно-историското наследство и природните убавини се нераскинлива целина која мора да ја истражите.

Повеќе...
Беровско езеро Беровско езеро Кеј на реката Брегалница Идила Беровско езеро