Што да посетите во Берово

Малешевијата - питома и мирна исто колку и дарежлива, таа се уште е недоволно откриен дел од природата која истурила грст благодети, мелем за очите и рај за душата. Културно-историското наследство и природните убавини се нераскинлива целина која мора да ја истражите.

Музејот на Берово

Местото од каде би требало да го почнете запознавањето со Берово. Сместен е во прекрасна зграда во самиот центар на градот, која е реконструирана во духот на оригиналната архитектура од крајот на 19-ти век, за која беровчани се сентиментално врзани бидејќи е еден од препознатливите елементи на градот. Историската поставка се состои од документи и предмети кои што говорат за историјата на малешевскиот народ од времето на Дедо Иљо Малешевски, Димитар Поп Георѓиев Беровски, Разловечкото востание, развојот на Малешевијата помеѓу двете Светски војни и развојот на Малешевијата по Втората Светска војна. За збогатување на изложбата се поставени и случајните наоди на антички и средновековни монети, кои што говорат за економскиот развој и трговските односи на Малешевијата. Етнолошката поставка се состои од реконструкција на малешевска соба, малешевска носија, малешевски накити, грнчарско производство, музички инструменти и реконструкција на малешевска ковачилница.

Манастир "Св. Архангел Михаил", Берово

Манастирот "Св. Архангел Михаил" е првата манастирска црква во Берово која е изградена во периодот од 1815 до 1818 година. Се наоѓа на излезот од Берово, на патот што води кон Беровско езеро. Црквата со голем трем, изградена во архитектурен опус од XIX век, доминира во манастирскиот двор. Во нејзината внатрешност ликовите на светителите се насликани во карактеристичен стил што отстапува од византиските канони. За изградбата на црквата и манастирот постојат повеќе легенди, но едно е сигурно дека градењето се одвивало под многу тешки услови.

Една од легендите зборува дека парохискиот свештеник поп Пецо бил задолжен да добие дозвола за градба од Уќуматот што се наоѓал во Радовиш. Валијата ја одбрил изградбата но под три услови, имено црквата да биде изградена под нивото на патот за да не може да се гледа, да биде изградена за четириесет дена и поп Пецо најмалата своја керќа Султана да ја даде во харемот. Со голем труд и пожртвуваност црквата била изградена, а бидејќи Султана не сакала да замине во харемот избегала во Ќустендил,апоради тоапоп Пецо бил затворен. Кога по шест-седум месеци комитите го убиле валијата, таа се вратила во Берово и се омажила во едно од тогаш најпознатите семејства во градот. Токму од две наследнички од семејството на нејзината постара сестра, 20-тина години подоцна е основано и монашко сестринство кое без прекин, оттогаш, односно од 1840 година па до денес, не згаснало во ниту еден момент. Во својот најголем подем манастирот броел и до 60 монахињи, но денеска таму живеат само три...

Страна 2
Манастир "Св.Архангел Михаил" Црква "Св.Пресвета Богородица" Петлец-меморијален споменик на Даме Груев Музеј на Берово Манастир "Св.Архангел Михаил" Црква "Св.Пресвета Богородица"